Дома Топ вести Барселона го најде наследникот на Пике

Барселона го најде наследникот на Пике

Барселона е во потрага по квалитетен стопер, кој ќе може да биде наследник на ветеранот Жерар Пике.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Најголема желба на Куман е дефанзивецот на Лил, Свен Ботман, и ќе се обиде да го донесе уште во зимскиот преоден рок.

Станува збор за играч кој има 21 година. Ги помина сите младински категории на Ајакс, а една сезона помина на позајмица во Херенвен. Во Лил пристигна во јули 2020 година и уште во првата сезона се наметна во еден од клучните играчи на тимот.

Ботман е холандски репрезентативец и Куман смета дека одлично ќе се вклопи во Барселона, но треба да ја победи конкуренцијата.

Лил за слободата на Ботман бара 40 милиони евра, а Барселона ќе се обиде преку преговори да ја намали таа сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…