Ѕвезадата на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ е една од најжешките трансфер теми ова лето, бидејќи Србинот е на мета на голем број европски гиганти.
Милинковиќ-Савиќ најмногу се поврзува со Манчестер Јунајтед и Јувентус, но во последните денови како кандидат за неговиот потпис се појави и Реал Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неговиот менаџер Матеја Кежман денес ги коментираше шпекулациите и ја остави вратата отворена за „кралевите“.
„Реал Мадрид: Сергеј кажа дека како дете сонувал да игра во Реал, но тоа не е ништо ново сите фудбалери сонуваат за тоа. Меѓутоа, во фудбалот како и во животот никогаш не знаеш што носи иднината“, изјави Кежман.
Најсилен интерес за СМС покажува тимот на Јувентус кој веќе испрати првична понуда од 80 милиони евра (види ОВДЕ).