Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар утре ќе добие нов генерален спонзор.
Станува збор австриската компанија за игри на среќа Новоматик, која која ќе го преземе спонзорирањето на најголемиот фудбалски бренд во Македонија.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Австриската компанија, која е сопственик на 2.000 казина и останати места за игри на среќа во повеќе од 50 држави, е присутна на македонскиот пазар од 2009 година, и сега реши да инвестира во Вардар.
„Со големо задоволство Новоматик Македонија Ве поканува на настанот по повод потпишување на Договорот со кој што компанијата станува генерален спонзор на Фудбалскиот клуб Вардар“, изјавија од Новоматик.
Фото: Твитер