Англискиот напаѓач Тами Абрахам од ова лето е член на Рома каде што пристигна по барање на португалскиот стратег Жозе Мурињо.
Абрахам одлично ја започна својата епизода, но потоа се соочи со проблеми, меѓутоа кога се ќе се собере може да се заклучи дека остави позитивен впечаток во Рим. За неговите добри настапи големи заслуги има Мурињо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Една од работите што ми ги кажа Мурињо е дека сум премногу добар како играч и да покажам агресивност – да бидам чудовиште! Не е секогаш да бидете добар само кога е топката до вас. Потребно е да имате агресивност во вас и да ги плашите дефанзивците, да ги натерате и да погрешат. Тоа е нешто на кое работам и се подобрувам“, изјави Абрахам.
За Рома Абрахам постигна пет гола и подели све асистенции во 17 натпревари.