Дома Останати Кошарка Човекот наречен европски шампион: Ова е најдобриот тренер во историјата на кошарката!

Човекот наречен европски шампион: Ова е најдобриот тренер во историјата на кошарката!

Една од најголемите спортски приказни некогаш видени започнала сосема случајни во летото 1991 година.

Тогашната управа на КК Партизан во состав Никчевиќ, Кучановиќ, Чоловиќ, Џуриќ и Тодориќ го повикале капитенот на тимот и сосема неочекувано му го понудиле местото главен тренер. Не ни помислувале дека со тоа го направиле еден од најдобрите потези во историјата на кошарката, бидејќи за тренер на клубот го поставиле човекот кој подоцна ќе влезе во аналите на овој спорт како еден од најдобите на сите времиња.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Идејата за ваквиот потег дошла од легендарниот „татко на југословенската кошарка“, професор Александар Николиќ кој почна да ја пишува една од најуспешните приказни во историјата на кошарката.

Започна приказната наречена Жељко Обрадовиќ!

Денес на 57 години, Обрадовиќ минатиот викенд во Истанбул ја освои својата 9-та титула шампион на Европа, со верувале или не, пет различни тимови.

Кога на сето ова ќе се додадат и двете титули светски шампион со Србија/Југославија, Европски шампион и сребро од Олимпијада, се добива сосема јасна слика дека Жељко Обрадовиќ е најуспешниот тренер во историјата на кошарката.

Душан Ивковиќ или Етор Месина без никаков сомнеж се свет за себе, но Обрадовиќ сепак е едно скалило над нив. Еве зошто?

Девет европски титули во колекцијата за сега – Партизан 1992, Јувентуд 1994, Реал Мадрид 1995, Панатинаикос 2000, 2002, 2007, 2009 и 2011, и Фенербахче 2017 година – се е кажано!

Клубот на чија клупа седи Желимир „Жељко“ Обрадовиќ по правило станува шампион на Европа, а тоа никако не е случајно!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Меѓународната скијачка федерација не го признава рекордот на Кобајаши

Рјоју Кобајаши можеби го собори светскиот рекорд во ски скокови за речиси 40 метри во сред…