Дома Фудбал Останато ФОТО: Роналдо по кој знае кој пат покажа дека е ГОЛЕМ човек

ФОТО: Роналдо по кој знае кој пат покажа дека е ГОЛЕМ човек

Кристиано Роналдо испрати порака на солидарност и поддршка на семејството на младото момче кое загина во земјотресот кој неодамна го погоди Мексико, а кој беше негов голем обожавател.

Роналдо на Твитер објави фотографија на која го држи својот дрес од Реал Мадрид. На дресот може да се види неговиот потпис и порака: „За својот обожавател број 1, Сантијаго“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанските медиуми пренесуваат дека Роналдо со оваа порака сака да му оддаде почит на Сантијаго, момчето кое загина кога се сруши неговото училиште, поради катастрофалниот земјотрес од 7,1 степен според Рихтеровата скала кој се случи во вторникот во Мексико.

Наводно, семсјтвото на момчето по земјотресот го контактирале Роналдо и му кажале дека Сантијаго бил негов голем обожавател и навивач на Реал Мадрид. Португалецот освен фотографијата напиша и кратка порака:

„Во овие болни моменти, испраќам голема прегратка до семејството на Сантијаго и сите семејства кои ги изгубија најблиските“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Миовски избран за најдобар фудбалер на сезоната во Абердин

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски ја доби наградата за најдобар фудбале…