Дома Фудбал Лига на шампиони УЕФА пресече: Лајпциг има дозвола да игра во Лигата на шампионите

УЕФА пресече: Лајпциг има дозвола да игра во Лигата на шампионите

Европската фудбалска унија (УЕФА) донесе одлука да му дозволи на бундеслигашот Лајпциг да настапи во Лигата на шампионите.

Одлуката е донесена откако Финансиската комисија на УЕФА утврдила дека компанијата Ред Бул, во чија сосптвеност се наоѓа и шампионот на Австрија, Салцбург, не управува со двата клуба.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ова значи дека германскиот вицеправк Лјапциг првпат во клупската историја ќе игра во Лигата на шампионите.

Според правилата на УЕФА, два клуба кои имаат ист сосптвеник не можат да се натпреваруваат во европските купови. Доколку се случи такво нешто приоритет има клубот од земјата чиј државјанин е сопственикот.

Ред Бул пред 12 години стана сопственик на Австрија Салцбург и го смени името во Ред Бул Салцбург, додека во 2009 година го гупи ССВ Маркранштат и му го смени името во РБ Лајпциг.

Компанијата потврди дека по реконструкцијата нема повеќе сопственички удел во австрискиот шампион туку само го спонзорира клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…