Дома Македонски спорт Мак ракомет Сопственикот на Вардар: Се сомневаме во нечесни игри за дуелите со Флензбург!

Сопственикот на Вардар: Се сомневаме во нечесни игри за дуелите со Флензбург!

Германски Фленсбург е последната пречка за ракометарите на Вардар кон пласманот на завршниот турнир во Лигата на шампионите.

Денес на пресконференција првиот човек на Вардар, Сергеј Самсоненко, сподели со јавноста дека стравува од задкулисни работи, односно дека стравува од влијанието на судиите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Сакам да го кажам истото што го кажа и спортскиот директор Кокшаров, дека имаме лоши информации. Јас не сакам да зборувам за што поточно се работи, само сакам да кажам дека ние ќе дадеме сè од себе за го поминеме Фленсбург. Единствено сакам да поставам прашање пред јавноста, дали ние го заслуживме ова. Мислам дека го заслуживеме, не само поради развојот на екипата, туку поради развојот на целата инфраструктура, вклучувајќи ги и младинските школи. Тоа е иднината на македонскиот ракомет. Ние трошиме многу сила и енергија, за пари не сакам да зборувам, на развојот на детските школи и развојот на младинските категории. Исто на овој пат се наоѓа и нашиот главен конкурент во македонскиот ракомет Металург“, рече Самсоненко.

Европската ракометна федерација за првиот натпревар во Германија ги делегираше судиите од Словенија Крстиќ и Љубиќ, додека реваншот во Скопје ќе го судат Данците Гјединг и Хансен.

Изборот на данската судиска двојка, да ја дели правдата во реваншот, ги поттикна сомнежите во клубот дека Фленсбург се фаворизира во борбата за пласман на завршниот турнир.

„Не ми е јасно зошто ги одредија да судат „нашите пријатели“ од Данска, кои ни судеа овде против Барселона. Целиот спонзорски тим на Фленсбург е од Данска. ЕХФ тоа така го одреди, ние треба да го почитуваме тоа и да се надеваме и од Фленсбург и од ЕХФ ќе го следат овој натпревар, дека сè ќе биде како што треба и дека нема да се повтори она што се случи пред три години. Јас можам да кажам дека доколку се повтори она што се случи пред три години дека јас ќе се повлечам од ракометот. Јас повеќе немам сила да се борам. Тоа не значи дека јас ќе заминам, ќе останам во Вардар, но ќе ги поддржувам младите категории, ќе ги развиваме ракометните школи, кои се иднината на ракометот во Македонија. Но да инвестираме толку многу пари, секоја година по седум милиони евра во ракометниот клуб и да се случи истото она од пред три години, јас повеќе не можам да го издржам тоа“, рече Самсоненко.

Првиот натпревар на програмата е во сабота, во Германија, а реваншот е на 23.април, во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Сејдини: Битол доби репрезентативен стадион!

Фудбалската федерација на Македонија ги заврши активностите од проектот за осветлување на …