Дома Трансфер зона Санчез заминува од Арсенал, но чини точно 100 милиони!

Санчез заминува од Арсенал, но чини точно 100 милиони!

Се поглесни се шпекулациите дека Алексис Санчез следното лето ќе го напушти Арсенал, а за неговиот потпис се заинтересирани неколку европски гиганти.

Санчез сеуште нема потпишано нов договор со Арсенал, па „топџиите“ следното лето ќе имаат последна шанса да заработат на неговата продажба.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неколку европски гигнати меѓу кои ПСЖ, Јувентус, Милан и Интер се силно заинтересирани за Чилеанецот, но клубот што ќе го добие неговиот потпис ќе мора да издвои 100 милиони евра.

Имено, Санчез бара четиригодишен договор со 11 милиони евра по сезона, па кога на тоа ќе додаде данокот и отштетата за Арсенал се доаѓа до бројката од точно 100 милион евра.

Сега прашање е кој од споменатите клубови е спремен да издвои толку пари за Чилеанецот. За Јувентус ќе биде проблем бидејќи ќе го наруши билансот на плати, таму најпалтени се Игуаин и Дибала кои заработуваат 7 милиони евра по сезона.

Миланските клубови се спремни да вложат многу пари следното лето, но сепак платата од 11 милиони евра е неприфатлива за нив.

Поради тоа најреална опција е ПСЖ, кој нема да има проблем да му понуди на Санчез четиригодишен договор со 11 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…