Дома Македонски спорт Мак ракомет Предроденденско огнено крштевање на Дибирова на клупата од ЖРК Вардар – ги пречекуваат Турингер

Предроденденско огнено крштевање на Дибирова на клупата од ЖРК Вардар – ги пречекуваат Турингер

Денеска (сабота) со почеток од 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански“, Вардар го пречекува Турингер во последниот меч од групната фаза во Лигата на шампионите.

Вардарки денеска со нов ќе се обидат да се вратат на победничките патеки откако во претходните две кола ги загубија натпреварите од Будуќност и Мец.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вардар беше првиот тим кој обезбеди четвртфинале, но натпреварот со Турингер може да има влијание за освојување на првото место во групата. Тоа ќе се случи доколку македонскиот тим го добие својот меч, а Ференцварош не победи во дербито против Будуќност.

Ирина Дибирова ќе го има своето тренерско деби, во составот се враќа и Андреа Кликовац која беше отсутна поради фамилијарни причини.

„Имаме супер тим, со добри и квалитетни играчи. Сега не можеме нешто да менуваме зашто тоа ќе биде тешко и за сите наши играчи. Ни треба само поддршка. Имаме план за натпревар. Спремни сме и треба да покажеме добра игра”, вели Дибирова.

Вардар со 31:29 го победи Турингер во Германија, но германскиот тим се покажа како цврст ривал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Миовски пресреќен: Наградите се доказ дека се правам од срце

Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски зад себе има одлична сезона во дресот на Абердин, клубо…