Дома Македонски спорт Мак баскет Прволигашите влегоа во војна со кошаркарската Федерација!

Прволигашите влегоа во војна со кошаркарската Федерација!

Кошаркарските прволигаши најавија нова војна со Македонската кошаркарска федерација (МКФ), доколку не биде исполнето нивното барање да останат непроменети лиценците за странски играчи, односно цената од 250 евра во денарска противвредност.

Куманово, Струмица, Кожув и Карпош Соколи се клубовите кои не ги подмириле своите обрски, објави минатата недела МКФ. Поради тоа викендов во домашното првенство беа одиграни само два натпревара.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарските прволигаши по повод новонастанатата ситуација, во понеделникот одржаа состанок и излегоа со заклучок дека се подготвени да не играат во натпреварувањата кои ги организира МКФ (првенство и Куп), доколку цената за лиценци за странски играчи не остане 250 евра.

„Клубовите од Првата лига-мажи, прифаќаат платата надомест за странски играчи во висина од 250 евра, во денарска противвредност, како обврска на МКФ кон ФИБА, како и останатите заостанати финансиски обврски од минатата сезона. Клубовите не прифаќаат да плаќаат дополнителни обврски за странски играчи према МКФ, освен претходните обврски од првиот заклучок“, стои во првите две точки од заклучоците кои беа донесени на состанокот на прволигашите.

Без оглед на она што го подготвуваат клубовите, МКФ нема намера да отстапи од своите ставови.

„Договор според кој Федерацијата ќе ја прифати Иницијативата на неколкуте клубови за свикување на Вонредно Собрание на МКФ, а канцеларијата на Федерацијата до клубовите ќе ги достави фактурите со вкупни суми за надомест за регистрација на странските кошаркари, клубовите да ја платат само обврската кон ФИБА, а остатокот од средствата да биде платен во целост, еден ден по Вонредното Собрание на МКФ, кое се одржа на 15.12.2016 година, со барања за гласање, доверба / недоверба на претседателот на МКФ Петар Наумоски.

По завршувањето на Вонредното Собрание на МКФ, на кое претседателот Наумоски ја доби доверба од мнозинството на делегати, раководството на МКФ јавно го пролонгираше датумот за доплата на преостанатиот дел од таксата за регистрација на странски кошаркари до 20.01.2017 година.

Но, и покрај сите разбирања и заложби на раководството на МКФ, одредени клубови не го почитуваа договореното и се обидуваат преку нови состаноци на Здружението на клубови од Првата лига да го прекинат договорот, претходно прифатен од сите.

На тој начин тие им нанесуваат штета не само на поголемиот број на клубови кои го испочитуваа договорното и веќе ги подмирија своите обврски кон МКФ, туку и на самите себе и на клубоите со кои раководат“, стои меѓу другото во соопштението кое е објавено на официјалната интернет страница на МКФ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Вардар и Еурофарм Пелистер во Купот на Македонија може да се сретнат само во финалето

Eкипите на Вардар и Пелистер се избегнаа во полуфиналето од Купот на Македонија и ќе може …