Дома Трансфер зона Пасторе се враќа во Италија!

Пасторе се враќа во Италија!

Како што пренесуваат италијанските медиуми Хавиер Пасторе следното лето би можел да се врати во Италија, бидејќи силен интерес за него покажуваат Милан и Јувентус.

Пасторе својата фудбалска промоција ја доживеа во Италија во дресот на Палермо, од каде замина за ПСЖ. Сепка, оваа сезона Аргнетинецот е во втор план кај тренерот Унаи Емери и јасно е дека на крајот на сезоната ќе ја промени средината.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека Пасторе бил во Милано на тајна средба со преставници на Милан и дека сака да се врати во Серија А.

Покрај Милан, интерес за Аргентинецот покажува и Јувентус, но само доколку Макс Алегри остане на клупата на „бјанконерите“.

Останува за видиме како ќе се развиваат работите, но големи се шансите Пасторе на лето да се врати во Италија, а неговата трансферна цена во моментов изнесува околу 25 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…