Дома Фудбал Останато Ова се играчите кои имаат промашено најмногу пенали од 2010

Ова се играчите кои имаат промашено најмногу пенали од 2010

Конфликтот на Нејмар и Кавани околку изведувањето на пеналот во дуелот помеѓу ПСЖ и Лион во изминативе денови постојано беше на насловните страници во европските медиуми.

На крајот во овој дуел победи Уругваецот Кавани, кој го промаши пеналот. Ова за уругвајскиот напаѓач беше дури 11 промашен пенал во последните седум години од 40 пенали кои ги изиведе во дресот на Наполи и ПСЖ. По овој податок, Кавани убедливо е прв пред сите, иако со тоа не може да се пофали.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Зад него се Лионел Меси и Кристиано Роналдо. Роналдо во дресот на Реал изведе 63 пенали, а промаши девет. Исти број на казнети удари промаши и Меси за Барселона, а Аргентинецот погоди 39 пати.

Листата од пет фудбалери кои се најдобри во европските лиги по промашување на пенали се и Антони Ди Натале (8 промашени, 19 погодени), Клас Јан Хунтелар (7 промашени, 9 погодени). Овој фудбалер по процентот е убедливо најлош изведувач на пенали на оваа листа, а погоди само 56,3% од ударите од белата топка.

Играчите со најмногу промашени пенали во најдобрите пет европски лиги од сезоната 2010/2011:

5. Клас Јан Хунтелар (7)

4. Антонио Ди Натале (8)

3. Лионел Меси (9)

2. Кристиано Роналдо (9)

1. Едисон Кавани (11)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Игуаин го промени спортот. Oсвои турнир и доби награда од 300 долари

Гонзало Игуаин одигра речиси 800 натпревари во својата блескава кариера и постигна вкупно …