Дома Фудбал Навивачите на Реал нема лесно да му простат на Роналдо!

Навивачите на Реал нема лесно да му простат на Роналдо!

Кристиано Роналдо потврди дека има намера да остане и следната сезона во Мадрид и со Реал да продолжи да освојува трофеи, но весникот „Марка“ истакнува дека неговите навивачи нема така лесно да му ги простат навредите со обидот да си замине од клубот и долгото молчење, ако следната недела не им се извини…

Откако беше обвинет за затајување на данок, налутениот Роналдо побара да си замине од Реал и во текот на јуни неговиот можен трансфер во Манчестер Јунајтед или ПСЖ беше една од главните фудбалски теми.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Но, управата на клубот успеа да го смири и да го задржи во Мадрид, што конечно и јавно тоа го потврди овој понеделник.

„Беше брилијантно да се освојува важни трофеи со клубот минатата сезона, како и оние индивидуалните. Ќе биде добро тоа да го повториме“, изјави Роналдо за „Марка“ и така најави уште една сезона во Примера и конкуренција со Лионел Меси во шпанските и европските натпреварувања.

Иако останувањето на Роналдо е добра вест, спортскиот весник „Марка“ пишува дека навивачите нема така лесно да му ги опростат неговите навреди со обидот да си замине од Мадрид. Ниту порано не беше еден од омилените играчи меѓу навивачите, а сега свиркањата на неговата сметка повторно ќе можат да се слушнат.

‘Роналдо на навивачите на Реал им должи повеќе од изјава дека сака да продолжи да освојува трофеи. Публиката очекува извинување за тоа што повеќе од месец дена молчеше, откако се изјасни дека сака да остане во клубот. Португалеот тоа го знае и мора да го направи тој чекор и тоа на убедлив начин’, го предупредува Роналдо најугледниот шпански спортски весник и додава:

‘Простувањето е можно, но играчот и навивачите дополнително ќе се оддалечат. Не го избра вистинскиот пат за да ги избегне свиркањата на неговата сметка и сега повторно ќе мора да ги слушне, овој пат со сопствена вина’.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Миовски избран за најдобар фудбалер на сезоната во Абердин

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски ја доби наградата за најдобар фудбале…