Дома Трансфер зона Мурињо спреми 110 милиони за Герет Бејл

Мурињо спреми 110 милиони за Герет Бејл

Флертувањето помеѓу Манчестер Јунајтед и ѕвездата на Реал Мадрид, Герет Бејл трае константно веќе некплку години, но се чини дека „црвените ѓаволи“ конечно се одлучија да преземат конкретни чекори.

Како што наведува „Сан“, клубот од „Олд Трафорд“ спремил 110 милиони евра за ѕвездата на Реал. Иако Флорентино Перез истакна дека Велшанецот не е на продажба, се стекнува впечаток дека тој е единствен кој може да замине од триотот BBC.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Медиумите во Шпанија веќе подолго време шпекулираат дека еден од триото мора да замине, за да пристигне Килијан Мбапе.

Весникот исто така наведува дека платата на Велшанецот би изнесувала неверојатни 500.000 фунти неделно.

Останува да видиме како ќе реагираат „кралевите“ на ваквата понуда, но Перез беше категоричен: „Бејл не е на продажба“!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…