Дома Топ вести Мурињо е против доаѓањето на Роналдо на „Олд Трафорд“

Мурињо е против доаѓањето на Роналдо на „Олд Трафорд“

Кристиано Роналдо поради обвинението за затајување данок има намера да го напушти Реал Мадрид, но сепак се поизвесно е дека ќе остане во „кралскиот клуб“.

Роналдо е обвинет за оштетување на Шпанија за повеќемилионски износ и Португалецот планира да си замине, а како една од можните дестинации се споменува Манчестер Јунајтед, поранешниот клуб на португалскиот репрезентативец.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските медиуми, поточно „Daily Star“ денеска објави дека нема шанси Роналдо да се пресели на „Олд Трафорд“, а трансферот првенствено нема да го дозволи Жозе Мурињо, кој, според наведувањата на споменатиот медиум, свесен е дека Роналдо на овој начин се обидува да добие нов договор во Реал.

Можеби сето ова е игра на Роналдо, обид да извлече подобар договор и план да му помогне да види колку вреди и колку Реал се бори за него, а за сега добро му оди.

Претседателот на Реал, Флорентино Перез најави дека ќе се сретне со Роналдо и ќе разговара, тој вели дека не се слушнал со Роналдо од финалето на ЛШ и дека се досега за него прочитал само на весниците.

„Никој во Мадрид не размислува дека Роналдо би можел да го напушти клубот. Опуштени сме околку тоа, не разговарав со други клубови по повод оваа приказна. Нема понуди, ниту за Роналдо, ниту за Мората, ниту пак за Родригез“, изјави првиот човек на „Кралевите“.

Роналдо во моментов е во Русија на Купот на Конфедерациите со репрезентацијата на Португалија, а според сето ова, и следната сезона ќе остане член на Реал Мадрид, кој ќе стори се за да го задржи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…