Дома Фудбал Со победата Борусија на Бундеслигата и донесе уште едно место во ЛШ

Со победата Борусија на Бундеслигата и донесе уште едно место во ЛШ

Борусија Дортмунд го победи ПСЖ со 1:0 во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите.

Стрелец на единствениот гол во одлична партија беше Никлас Фулкруг во 36. минута од натпреварот. Домаќините имаа уште една добра шанса, додека парижаните двапати ја погодија стативата и промашија два зицери.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Освен што постигна голем резултат пред реваншот следната недела, Борусија си направи и огромна услуга. Имено, бундеслигашот со оваа победа го обезбеди петтото место во Лигата на шампионите следната сезона.

Борусија моментално е петта во шампионатот, со 12 бода повеќе од Ајнтрахт, кој во последните три кола ни теоретски не може да ги достигне. Лигата на шампионите обезбедија Леверкузен, Баерн, Лајпциг и Штутгарт.

Така Бундеслигата и се приклучи на Италија, која доби и петти претставник во Лигата на шампионите. Премиерлигата повеќе не може да ја достигне, па Англичаните следната сезона и понатаму ќе имаат четири претставници во Лигата на шампионите, како и Лига 1 и Ла Лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вокер жртва на напади, Сити застана во негова одбрана

Кајл Вокер беше цел на напад на навивачите на Сити. Англискиот репрезентативец на социјалн…