Дома Актуелно Медениот месец ќе почека, Меси се враќа во Каталонија!

Медениот месец ќе почека, Меси се враќа во Каталонија!

Еден од најдобрите фудбалери во светот Лионел Меси својата долгогодишна врска со Антонела ја круниса со брак.

Венчавката се случи пред два дена во родниот град на Меси, Росарио, а аргентинските медиуми веќе ја прогласија за венчавка на столетието. Меси веќе долго време е во врска со Антонела со која има и два сина, Тијаго и Матео.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лионел и Антонела одлучија медениот месец да го поминат на Карибите, но Меси на кратко ќе мора да се врати и до Барселона.

Имено, аргентинскиот фудбалер конечно би требало да потпише нов договор со каталонскиот клуб бидејќи сегашниот му истекува на крајот на наредната сезона.

Аргентинецот би требало денес да биде во Барселона каде што ќе се сретне со управата на клубот и ќе стави потпис на нов договор.

 

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Кошаркарите на Денвер ги изненадија навивачите – се загреваа во папучи: Еве и зошто

Екипата на Денвер изминатата вечер беше поразена од Лејкерс кој така успеа да намали со 3:…