Дома Трансфер зона Клоп спрема револуција – овите играчи се трасфер мета на Ливерпул!

Клоп спрема револуција – овите играчи се трасфер мета на Ливерпул!

klop

Јирген Клоп на крајот на сезоната планира реновирање на тимот, а и самиот пред неколку дена призна дека се водат преговори со голем број на фудбалери кои се на радарот на „црвените“.

Имаше голем број на фудбалери кои се поврзуваа со Ливерпил во зимскиот преоден рок, но не пристигна ниту еден фудбалер.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Клоп не сакаше да носи избрзани одуки и големите засилувања ги остави за лето, а медиумите тврдат дека постојат точно 20 имиња кои се мета на славниот англиски клуб.

„Ливерпул ехо“ ја објави комплетната листа од 20 фудбалери кои се на радарот на Клоп, а некои од нив сигурно ќе пристигнат на „Емфилд“ следното лето.

Голмани: Бренд Лено (Баер Леверкузен), Тимо Хорн (Келн), Марвин тука (Аугсбург)

Одбрана: Рикардо Родригез (Волфсбург), Сеад Колашинац (Шалке), Тин Једвај (Леверкузен)

Среден ред: Махмуд Дахуд (Менхенгладбах), Бенџамин Хенрикс (Леверкузен), Горецка (Шалке), Макс Мејер (Шалке), Џулијан Вајгл, Кристијан Пулишиќ и Емре Мор (Дортмунд), Даниел Дидави (Волфсбург), Наби Кеита, Марсел Забицер и Емил Форсберг (Лајпциг)

Напаѓачи: Јулијан Брант (Леверкузен), Кевин Кемпл (Леверкузен) и Тимо Вернер (Лајпциг).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…