Дома Фудбал Зидан: Не верувам во кризата на Барселона!

Зидан: Не верувам во кризата на Барселона!

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан одговарајќи на новинарски прашања смета дека воопшто нема криза во редовите на Барселона.

„Барселона воопшто не е во криза“, кратко одговори Зидан на прашање за наголемиот ривал.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На пресконферецијата пред гостувањето во Валенсија, Зидан зборуваше и за иднината на Иско на „Сантиаго Бернабеу“.

„Иско знае дека го сакам како играч, но јас имам такви 24. За мене се сите тие исти. Разбирливо е дека сака да го напушти клубот, бидејќи секој играч сака да игра“, објасни Зизу.

Францускиот стратег на крајот изјави дека е среќен поради враќањето на Герет Бејл, но не откри дали Велшанецот ќе настапи против Валенсија.

„Бејл е среќен и физички спремен. Дали ќе настапи против Валенсија? Тоа ќе го видите пред натпреварот“, кратко изјави Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Миовски избран за најдобар фудбалер на сезоната во Абердин

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски ја доби наградата за најдобар фудбале…