Дома Фудбал Италија За Алегри нема место во „одличната приказна“ на Бонучи!

За Алегри нема место во „одличната приказна“ на Бонучи!

Италијанскиот фудбалер, Леонардо Бонучи, денес доби цела страна страна од популарниот весник „Газета Дело Спорт“ преку која се прости од Јувентус со текст под името „одлична приказна“.

„Поминаа седум фантастични сезони, седум победнички сезони. Шест скудета освоени со голема броба, сепак нормално е да жалиме за титулата во Лигата на шампионите, но горд сум што бев дел од едно големо семејство“, напиша Бонучи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Овој 30 годишен дефанзивец наведе дека секогаш давал се од себе до самиот крај како и дека во Јувентус многу научил.

„Јуве, ти благодарам за се. Кога ќе погледнам што остана зад мене, гледам фантастична приказна“.

Сепак, во овој т.н оглас под името „одлична приказна“, Леонардо Бонучи никаде не го споменува сегашниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри, па после шпекулациите за нивните несогласувања сега таквото нешто и се потврдува.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Стативите го спречија ПСЖ, Борусија во финале

Борусија Дортмунд е прв финалист во Лигата на шампиони откако и во вториот меч го победи П…