Дома Фудбал Италија Експресна реакција – Адвокатот на Ањели најави жалба!

Експресна реакција – Адвокатот на Ањели најави жалба!

anjeli

Италија денес беше потресена од веста за претседателот на Јувентус, Андреа Ањели кој заработи суспензија од една година поради поврзаност со мафијата при нелегалната продажба на сезонски карти.

Судот во Италија освен што го суспендираше Ањели на една година му изрече и парична казна од 300.000 евра. Суспензијата на Ањели доаѓа само три недели подоцна откако е избран за претседател на Клупската асоцијација на Европа која во својот состав им 220 членови.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Набрзо после пресудата, стигна и одговор од адвокатот на Ањели.

„Не криеме дека сме разочарани, но се што можеме да кажеме во овој момент е дека ќе поднесеме жалба. Претседателот Ањели е чист и ова што се случи не потресе сите. Ќе докажаме дека е невин“, порача адвокатот кој го застапува претседателот на Јувентус.

Ањели наводно раководел со продажбата на сезонските билите, но и сите останати карти за натпреварите на Јувентус. Тој призна дека се сретнал со Роко Доминело, лидерот на навивачите кој имаше и поврзаност со неколку криминални организации.

Сепак Ањели тврди дека со големите групи на навивачи се сретнувал само на прославите на некој успех на клубот и дека никогаш не учествувал во нелегални активности.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…