Дома Фудбал Германија Дортмунд директно во Лига на шампиони, ХСВ успеа да опстане во Бундеслигата

Дортмунд директно во Лига на шампиони, ХСВ успеа да опстане во Бундеслигата

Со натпреварите од 34.коло заврши сезоната во германската Бундеслига. Последното коло донесе две трилер завршници, по кои ХСВ избори опстанок во лигата, а Дортмунд директен пласман во Лигата на шампионите.

ХСВ успеа да слави против Волфсбург 2:1 и да избори опстанок додека Волфсбург ќе игра бараж за опстанок против третопласираниот тим од Цвајта.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За да останат во Бундеслигата на играчите на Волфсбург им беше потребен нерешен резултат, го имаа се до 88.минута кога Валдшмит ги постави конечните 2:1. Претходно „волците“ водеа со голот на Кнаше, а израмни Костиќ.

Одличен меч во Дортмунд одиграа Борусија и Вердер кој заврши со триумф на домаќинот 4:3. Борусија до победата дојде со голот на Обамејанг од пенал постигнат во 89.минута.

Старо-нов шампион на Германија е Баерн, покрај Баварците пласман во Лигата на шампионите изборија Лајпциг и Борусија Дортмунд, додека Хофенхајм ќе игра во квалификациите.

Сепак, доколку УЕФа не му дозволи на Лајпциг да настапи во ЛШ, тогаш Хофенхајм ќе и оди директно во елитата, додека квалификации ќе игра Келн.

Од лигата испаднаа Дармштат и Инголштат, Волфсбург ќе игра бараж за опстанок.

Најдобар стрелец во Бундеслигата, во сезоната 2016/2017 е Пјер-Емерик Обамејанг. Напаѓачот на Дортмунд постигна 31 гол во првенството.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Оваа земја не го сака ВАР: Никогаш нема да го воведеме

Најдобрите лиги во Шведска нема да воведат систем за видео анализа (ВАР) откако фудбалскит…