Дома Фудбал Англија Гвардиола: Примаме премногу голови, а тешко ги постигнуваме!

Гвардиола: Примаме премногу голови, а тешко ги постигнуваме!

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, признава дека нeговиот тим по дебаклот од Евертон е далеку од освојување на шампионската титула.

„Челзи има голема предност, десет бодови се многу. Второпласираниот ни бега за три бода и тоа е достижна разлика. Создаваме шанси, но имаме проблeм со реализацијата“, изјави Гвардиола.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанецот истакна дека никогаш во претходните тимови немал проблеми во одбраната, а сега се соочува со деликатни проблеми бидејќи Сити на 21 натпревар во Премиерлигата прими 26 голови.

„Слични проблеми сум имал, но не толку деликатни. Кога во осум години ќе освоите седум трофеи се навикнувате да победувате. Морам да го најдам вистинското решение, моите играчи повтoрно да почнат да победуваат. Среќен сум во Сити, но прв пат во кариерата примам многу голови“, додаде Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Игуаин го промени спортот. Oсвои турнир и доби награда од 300 долари

Гонзало Игуаин одигра речиси 800 натпревари во својата блескава кариера и постигна вкупно …