Дома Македонски спорт Мак фудбал Втор натпревар на Европското во Полска: Младинските репрезентативци вечер против Србија

Втор натпревар на Европското во Полска: Младинските репрезентативци вечер против Србија

Младата македонска репрезентација вечерва ќе го одигра вториот натпревар на ЕП во Полска. Во рамките на Б групата Македонија од 18 часот ќе игра против Србија.

Дуелот на стадионот во Бидгошч е клучен за македонската репрезентација доколку сака да ги задржи шансите за пласман во полуфиналето. Истото важи и за Србија, бидејќи во првото коло овие две селекции беа поразени, Македонија од Шпанија (0:5), а Србија од Португалија (0:2).


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ние сме концентрирани единствено на нашата игра, а не на онаа на противникот, иако многу добро знаеме дека имаат одлични поединци кои играат во Англија, Германија, Италија. По поразот од Шпанците им кажав на фудбалерите и натаму силно да веруваат во своите квалитети, да ги држат главите гордо високо. Ќе продолжиме да го негуваме и натаму тимскиот дух во репрезентацијата, слично како што беше и на првиот натпревар со Шпанија, иако високиот пораз носи горчлив вкус. Ќе играме офанзивно секако, затоа што поинаку не знаеме и не сакаме да играме. Ако можевме против Шпанија да имаме 24 успешни напади, сигурно можеме и против Србија“, изјавил селекторот Благоја Милевски.

Максимално подготвени за надигрување ќе бидат и српските фудбалери, чии селектор Ненад Лалатовиќ на прес конференцијата упатил комплименти за играта на Македонија.

„Станува збор за добра репрезентација, која првиот меч го загуби убедливо иако имаше идентичен посед на топка со Шпанија. Македонија упати голем број на удари кон противничкиот гол, а примија голови со „ножички“, од огромна далечина и од пенал. Имаа на 0:0 чиста шанса, па уште една на 0:1. Немаа среќа во реализацијата. Не се случајно тука на ЕП.“, рекол српскиот селектор.

Дуелот во Бидгошч ќе го води судиски тим од Шкотска на чело со Боби Маден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Еве каде може да го гледате бараж натпреварот за Светско првенство на Македонија и Фарски Острови

Машката сениорска репрезентација на Македонија вечерва (20 часот) во Торшавн го игра првио…