Дома Останати Кошарка Видео: Леброн незапирлив, Кливленд во финале!

Видео: Леброн незапирлив, Кливленд во финале!

Актуелниот шампион во НБА лига Кливленд се избори за нов настап во „големото“ финале на најквалитетната светска кошаркарска лига.

Тимот на Кливленд ноќеска на гостувањето во Бостон славеше со 135:102 и со конечни 4-1 во победи го доби финалето на Источната конференција.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Леброн Џејмс постигна 35 поени, а Кајри Ирвинг 24 кај победничката екипа, додека за Бостон најпрецизен беше Ејвери Бредли со 23 поени.

Така трета сезона по ред во финалето на НБА лигата ќе играат Кливленд и Голден Стејт. Двата тима на доминантен начин стигнаа и оваа сезона до финалето. Кливленд имаше серија од 12 победи и само 1 пораз во во плеј-офот, додека Голден Стејт оствари 12 победи без ниту еден пораз.

Финалната серија која се игра во четири добиени натпревари по принципот 2-2-1-1-1, почнува на 1 јуни, а домаќин на првите два дуела е Голден Стејт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Уште еден доказ колку Јокиќ е моќен: Погледнете што му направи на Леброн 🎥

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ игра во одлична форма, а уште еден доказ за тоа видовме изм…