Дома Топ вести Бонучи само што пристигна во Милан, а веќе од управата бара да го доведе овој играч

Бонучи само што пристигна во Милан, а веќе од управата бара да го доведе овој играч

Новото засилување на Милан, Леонардо Бонучи веќе од управата на клубот бара засилување во нападот.

Бонучи вчера пристигна во редовите на „Росонерите“ за 40 милиони евра и по седум сезони во дресот на Јувентус, денеска ги заврши лекарските прегледи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тој очигледно е свесен дека Милан нема класичен напаѓач, а неговата желба е следната сезона тоа да биде Алваро Мората од Реал Мадрид. Потсетуваме, тие двајца заедно настапуваа во Јувентус, па изгледа дека Мората на Бонучи му останал во убаво светло и смета дека е вистински напаѓач за Милан.

Освен Милан, за Мората е заинтересиран и Челзи, а постои опција шпанскиот напаѓач на крајот да остане и во Реал Мадрид. Секако, освен Мората, кога станува збор за нападот, Милан е заинтересиран и за Обамејанг и Белоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Стативите го спречија ПСЖ, Борусија во финале

Борусија Дортмунд е прв финалист во Лигата на шампиони откако и во вториот меч го победи П…