Дома Фудбал Италија Алегри: И да игравме 24 часа, Барса немаше да даде гол!

Алегри: И да игравме 24 часа, Барса немаше да даде гол!

Јувентус ја елиминира Барселона во четвртфиналето на Лигата на шампионите, а тренерот Масимилијано Алегри е презадоволен што неговиот тим успеа да ја зачува мржата во двата натпревари.

Алегри и помалку арогантно после мечот на „Камп Ноу“ заклучи дека и натпреварот да траел 24 часа, Каталонците немало да постигнат гол.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Одигравме одлично во дефанзивниот дел на овој натпревар. Впрочем и на првиот меч во Торино. Кажете ми, кој друг тим може да се пофали дека не примил гол од Барселона во два натпревари. Задоволен сум од дефанзивата, а откако и Барзаљи влезе во игра, изгледаше како да можеме да играме уште 24 часа и да не се тресе мрежата на Буфон“, изјави Алегри.

„Но, не сум задоволен од играта во нападот. Пропуштивме да одиграме многу подобро во неколку ситуации кога имавме противнапади и отворен простор кон противничкиот гол. Сега треба уште повеќе да работиме и не само да ја задржиме, туку и да ја подобриме формата пред полуфиналните дуели во Лигата на шампионите. Останува завршниот чекор пред големото финале и таму треба да бидеме најдобри“, заклучи италијанскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Стативите го спречија ПСЖ, Борусија во финале

Борусија Дортмунд е прв финалист во Лигата на шампиони откако и во вториот меч го победи П…