Дома Топ вести Милан открива: Го договоривме Бонучи за само половина час!

Милан открива: Го договоривме Бонучи за само половина час!

bonucci

Леонардо Бонучи ова лето го напушти Јувентус и премина во редовите на Милан, а неговиот трансфер секако беше еден од најшокатните кои сме ги виделе во последно време.

Имено, скоро и да немаше никакви шпекулации дека Бонучи ќе го напушти Јувентус и ќе се пресели во Милан, па никој не ни помислуваше на такво нешто. Сепак, искусниот дефанзивец на изненадување на многумина го направи токму тоа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сега, извршниот дриектор на Милан, Марко Фасоне открива како го реализирале трансферот на одличниот фудбалер.

„На почетокот Бонучи не беше во нашите планови. Кога Монтела и Мирабели ми кажаа дека можеме да го доведеме не им верував“, изјави Фасоне за „Кориере Дело Спорт“ и додаде:

„Веднаш преминавме на главното и постигнавме договор со Јувентус за само половина час. Лео е вистински лидер, но и фудбалер кој лесно се прилагодува на новата средина“, открива Фасоне.

Доколку тврдењата на Фасоне се покажат како точни, навистина е изненадувачки тоа што од Јувентус толку лесно се откажале од услугите на искусниот дефанзивец и еден од столбовите на одбраната на „старата дама“ во последните неколку години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…