Манчестер Сити вчера го победи Лајпциг со 7:0, а Пеп Гвардиола по натпреварот на прес-конференцијата зборуваше и на теми кои не се поврзани со натпреварот.
Така Гвардиола откри дека во неговиот живот има три идоли Мајкл Џордан, Тајгер Вудс и Џулија Робертс. Познатата холивудска актерска го разочарала искусниот стратег кога при посетата на градот Манчестер го посетила и Јунајтед и тоа во период кога Сити е подобар тим.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ќе ви откријам една тајна. Без разлика што ќе се случи оваа година, дури и ако ја освоиме Лигата на шампионите или да освоиме три ЛШ во низа, јас ќе бидам губитник. Имам тројца идоли во мојот живот, Мајкл Џордан, Тајгер Вудс и Џулија Роберс“.
„Пред неколку години Џулија Робертс дојде во Манчестер. Не во 90-тите кога Фергусон освојуваше титули со Јунајтед. Дојде во период кога ние бевме подобри, а таа отиде да го посети Манчестер Јунајтед, не дојде кај нас! Затоа дури и ако ја освоиме Лигатан а шампионите, тоа не е споредливо со фактот што Џулија Робертс дојде во Манчестер и не дојде да не види нас“, раскажа Пеп.
'I'm a FAILURE because Julia Roberts went to watch Man United!' | Pep Guardiola
— BeanymanSports (@BeanymanSports) March 14, 2023
🎥 Full press conference https://t.co/6AeqzbLlvj pic.twitter.com/FqrqXLhPlO