Дома Останати Џошуа немоќен: Дубоа го нокаутираше и ја одбрани титулата светски шампион 🎥

Џошуа немоќен: Дубоа го нокаутираше и ја одбрани титулата светски шампион 🎥

На „Вембли“ пред 96.000 гледачи Британецот Дануел Дубоа во петтата рунда го нокаутираше Ентони Џошуа и така ја одбрани титулата ИФБ светски шампион.

Од самиот почеток Дубоа беше доминантен во борбата, а на крајот во првата рунда Џошуа се најде во нокдаун, но сепак ја продолжи борбата. Кулминацијата беше во петтата рунда кога Дубоа со директ го погоди Џошуа во вилицата и така дојде до одбрана на титулата.


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Во кариерата Џошуа двапати беше светски шампион, желба му беше и третпат, но не успеа. За него ова беше четврти пораз и јасно е дека повеќе не е стариот Џошуа, многумина сметаат и дека му е време да се повлече.

Од друга страна Дубоа со победата добива можност да се бори за неприкосновената титула во тешка категорија против победникот од борбата помеѓу Усик и Фјури на 21-ви декември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Го кренаа гласот и тенисерите: Сите имаме животи и надвор од тенисот!

Предводени од Шпанецот Карлос Алкараз по фудбалерите со реакции за густиот распоред се јав…