Поранешниот фудбалер на Челси и Ливерпул, Џо Кол одлучи да ја заврши играчката кариера.
Иако љубителите на фудбалот добро знаат кој е Џо, впечаток е дека од својот талент можеше да направи далеку поголема кариера иако играше за клубови како Челси и Ливерпул и три пати ја има освоено ПЛ.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Ќе остане запаметен пред се по одличните игри во дресот на Челси, каде своевремено беше еден од најдобрите светски крилни играчи.
Во Челси помина седум години, а подоцна играше уште за Ливерпул, Лил, Вест Хем и Астон Вила.
Во дресот на англиската репрезентација одигра 56 натпревари и постигна 10 погодоци.