Дома Фудбал Англија Џеко испрати порака до Агуеро: Остани силен Кун!

Џеко испрати порака до Агуеро: Остани силен Кун!

Барселона вчера потврди дека Серхио Агуеро ќе биде надвор од терените најмалку три месеци.

Каталонскиот клуб за викендот играше против Алавес, а натпреварот го обележа ситуацијата од 40. минута кога Серхио Агуеро беше заменет поради проблем со дишењето. Аргентинецот застана и покажа дека не може да диши како што треба.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Беше јасно дека нема да го продолжи натпреварот, по замената веднаш со возило на брза помош беше пренесен во болница каде што му се направени детални прегледи на кои е утврдено дека има срцева аритмија.

Порака за Агуеро испрати и Џеко кој со Аргентинецот ја делеше соблекувалната во Манчесатер Сити.

„Остани силен Кун“, објави Џеко на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Артета откри шокантен податок: Дали знаете колку долго Арсенал чекаше на гол од слободен удар?

Фудбалерите на Арсенал синоќа постигнаа една од најголемите победи во Лигата на шампионите…