Дома Фудбал Лига на шампиони Ќе успее ли Тотенхем да го фати последниот воз, или Интер ќе го чекира билетот!?

Ќе успее ли Тотенхем да го фати последниот воз, или Интер ќе го чекира билетот!?

Тотенхем е домаќин на Интер во еден од најинтересните натпревари во среда во Лигата на Шампиони. Само со победа домаќинот ќе остане во трка за втората позиција и е пред императив на победа. Но, Интер се надева дека во Лондон ќе ја заврши својата работа во групната фаза.

Спарс се во одлична форма

Спарс лета високо во Премиер Лигата, но играат доста слабо во Лигата на Шампиони. Само четири поени од четири натпревари во групата Б – сите обезбедени во натпреварите со аутсајдерот ПСВ, над кого беше забележана победа дома и реми на гости. Тоа е премалку за амбициите на Тотенхем.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Мошне едноставна е математиката сега, тие мора да го совладаат Интер дома, но и да освојат барем бод кај Барселона за да останат со шанси во групата. Дури и во тој случај не би биле сигурни патници во наредната фаза, но барем шансите ќе постојат.

Тотенхем претходно загуби од Барса, Манчестер Сити и Ливерпул на Вембли оваа сезона, но ги засени обвинувањата дека не може против силни екипи по убедливата победа минатиот викенд над Челзи со 3:1. Тоа беше нивна најдобра партија сезонава, а резултатот дојде во најпосакуваниот момент за нив.

Историјата е на страната на Спарси. Тие ги освоија двете домашни средби против Интер, 3:1 во Лигата на шампионите во сезоната 2010-11 и 3:0 во Лигата на Европа во сезоната 2012-13.

Интер може да ја заврши својата работа во ЛШ

Судбината во оваа група допрва треба да се реши, но во моментов таа е на страната на Интер.

Тотенхем водеше на првиот меч во Милано со голот во 53-та минута на Кристијан Ериксен и се чинеше дека ќе ги однесе трите бода. Но токму во моментот кога навивачите на Интер почнаа да го напуштаат стадионот, Икарди израмни на 1:1, а во судиското продолжение Вечино направи целосен пресврт.

Тоа предизвика серија од седум последователни победи за Нероазурите, што заврши со поразот од 2:0 на Камп Ноу.

Победата од 3:0 над Фросиноне во саботата, е дополнителен мотив за гостите. Освен тоа, свежината е на нивна страна бидејќи Тотенхем играше против Челзи, а Спалети ги одмори своите најдобри фудбалери против слабиот Фросиноне.

Веројатни состави:

Тотенхем: Љорис, Орие, Вертонген, Алдервајлед, Дејвис, Сисоко, Даер, Ериксен,  Деле Али, Кејн, Сон.

Интер: Хандановиќ, Дамброзио, Де Вриј, Шкриниар, Асамоа, Весино, Брозовиќ, Политано, Наинголан, Перишиќ, Икарди.

Целосниот текст прочитајте го на специјализираниот портал kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Милан размисува да го врати Алегри

Италијанските медиуми пренесуваат дека Масимилиано Алегри би можел наскоро да седне на кор…