Вардар во среда од 20:45 часот ќе го пречека Кил во рамките од 6. коло во Лигата на шампионите.
На денешната прес-конференција зборуваше македонскиот голмани Мартин Томовски кој добро го познава Кил затоа што бранеше во Лудвигсхафен во Германија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Имавме некои недоразбирања во одбраната во последните две средби, верувам декап ротив Кил ќе треба да се поправи тоа. Потребно да имаме концентрација и дисциплина во клучните моменти. Кил е одлична екипа, добро се познаваат, одлично играат, меѓутоа како и секоја друга екипа и тие имаат слабости и ние ќе се обидеме тие слабости да ги искористиме“, изјави Томовски.
Фото: РК Вардар/Денис Дуковски