Кога беа извлечени групите од Лигата на шампионите на големо се најавуваше судирот на Меси и Роналдо за натпреварите Јувентус и Барселона.
Јувентус и Барселона ќе играат следната недела во Торино, но настапот на Роналдо за овој меч е доведен под знак прашалник бидејќи Португалецот е позитивен на Ковид-19.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Како што сега стојат работите Роналдо ќе добие зелено светло да игра против Барселона и тоа благодарение на УЕФА протоколот.
Според протоколот на УЕФА играчот може да се најде на списокот за еден меч ако нема симптоми и се чувствува добро. Роналдо денес објави видео на Инстаграм на кое се гледа дека е добро и нема симптоми. Во меѓувреме Јувентус испрати документација до УЕФА.
Како и да е сепак, клучно ќе биде тестирањето пред натпреварот. Ако тој тест на Роналдо биде негативен тогаш ќе може да игра.