Дома Фудбал Репрезентации Ќе го врати ли Ибра? – Еве што одговори селекторот на Шведска

Ќе го врати ли Ибра? – Еве што одговори селекторот на Шведска

sweden

Селекторот на репрезентацијата на Шведска им одаде признание на своите избраници поради подвигот што го направија и што ја исфрлија репрезентацијата на Италија во баражот за Мундијалот во Русија.

Златан Ибрахимовиќ се повлече од репрезентација после Европското првенство во 2016 година кое се одржуваше во Франција, па селекторот на Шведска го налути прашањето дали би го вратил Ибра во националниот тим наредното лето.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Ова е неверојатно. Ибрахимовиќ престана да игра за репрезентацијата пред повеќе од една година, а ние сеуште зборуваме за него. Мораме да зборуваме за големите фудбалери кои ги има овој тим и во кои јас верувам“, изјави Андерсон.

Тој како најдобар доказ дека Шведска може без својот најдобар стрелец на сите времиња (62 погодоци) ги означи целите квалификации за СП.

„Колективот демонстрираше сила. Многу сум среќен поради овој резулат. Со Ибрахимовиќ би морале да играме поинаку. Тој ја заврши репрезентативната и е голем шампион, сега се адаптиравме на поинаков систем на игра“, изјави Јан Андерсон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Тер Штеген проговори за својот комплициран однос со Меси

Марк-Андре Тер Штеген и Лионел Меси делеле соблекувална седум години, во периодот од 2014 …