Дома Трансфер зона Њукасл спреми 250 милиони за пет засилувања

Њукасл спреми 250 милиони за пет засилувања

Инвестицискиот фонд од Саудиска Арабија откако го презеде Њукасл сега е спремен да вложи голема сума за реконструкција на тимот.

Англиските медиуми пишуваат дека Њукасл ќе може да потроши меѓу 200 и 250 милиони евра во зимскиот преоден рок за пет засилувања.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Прва мета е Душан Влаховиќ, кој блеска во дресот на Фиорентина и за чиј потпис се борат голем број на европски гиганти. Њукасл спремил понуда од 80 милиони евра, но Србинот засега преферира преселба во друг клуб.

Како алтернатива на Влаховиќ се споменува Дивок Ориги, кој не добива голема минутажа во Ливерпул и е спремен да ја промени средината.

Потребни се засилувања во одбраната, а на листата желби се Умтити од Барселона и Ерик Баи од Манчестер Јунајтед.

На мета на Њукасл и е Лингард, а како идеално засилување на средниот ред се споменува Арон Рамзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…