Српскиот голгетер Александар Митровиќ ова лето се пресели во Саудиска Арабија, но може експресно да се врати во Премиер лигата.
Имено, Њукасл покажува сериозен интерес за Митровиќ, бидејќи бара засилување во нападот во зимскиот преоден рок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Планот е тој да дојде на позајмица од Ал-Хилал во соработка со саудискиот државен фонд, кој стои над целиот проект за големи инвестиции во саудиските клубови, како и над Њукасл.
Популарниот Митрогол беше скапо платен и го оправда секој вложен долар со 25 постигнати гола на 26 натпревари.
Интересно, Митровиќ беше дел од Њукасл во периодот од 2015 до 2018 година и тогаш не се снајде најдобро.