Српскиот напаѓач Александар Митровиќ сака да го напушти Фулам и одбива да тренира со тимот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Митровиќ сака да се пресели во Саудиска Арабија, но клубот не попушта, па напаѓачот реши ситуацијата да ја преземе во свои раце.
Митровиќ е особено исфрустриран бидејќи Фулам бара 52 милиони фунти за неговата слобода, па одбил да тренира со тимот.
„Ситуацијата не е како што треба. Тој нема да игра на следниот натпревар, воопшто и не тренира со остатокот од тимот. Некогаш фудбалерите мораат да донесат такви индивидуални одлуки кои потоа имаат сериозни последици. Јас разговарав со Митровиќ, тој го знае моето мислење“, изјави тренерот Силва.