Александар Митровиќ нема да направи трансфер летово, и повторно се врати на тренинзите на Фулам.
Тренерот Марко Силва кажа дека Србинот не тренира со останатите соиграчи, откако Митровиќ се закани дека нема да го облече дресот на лондонскиот тим зашто не му дозволува да се пресели во Ал Хилал.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Митровиќ постигна договор со Ал Хилал, но екипата од Саудиска Арабија се премисли поради тешките преговори со Фулам и реши да го ангажира Јусен Ен Незири.
Митровиќ влезе во расправија со сите во клубот и одбиваше да тренира, а сега ќе мора да се врати на тренинзите и ќе остане во Фулам.