Дома Останати Кошарка Њу Орлеанс го победи Сан Антонио во супер ефикасен меч, Дончиќ до дабл-дабл во поразот на Далас (ВИДЕО)

Њу Орлеанс го победи Сан Антонио во супер ефикасен меч, Дончиќ до дабл-дабл во поразот на Далас (ВИДЕО)

Зад нас е возбудлива вечер во НБА лигата во која беа одиграни девет натпревари, а неколку од нив привлекуваа посебно внимание.

Интересен беше дуелот помеѓу Никола Јокиќ и Јанис Антетокунпо, а истиот на крајот му припадна на грчкиот кошаркар со оглед на тоа дека Милвоки славеше против Денвер со 104:98.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Антетоукунпо натпреварот го заврши со 29 поени, 12 скокови и шест асистенции, додека Никола Јокиќ на другата страна уфрли 20 поени и запиша по пет асистенции и скокови.

Њу Орлеанс во атрактивен меч славеа против Сан Антонио на домашен терен со 140:126, а одличен натпревар одигра Рендл кој оствари трипл-дабл со учинок од 21 поен, 10 асистенции и 14 скокови. Поефикасни од него беа Дејвис со 29 поени и Мур со 24.

Уште еден добар настап за Далас одигра Лука Дончиќ кој уфрли 15 поени и запиша 10 скокови во поразот на Далас од Мемфис со 98:88. Најефикасен во натпреварот беше Конли со 28 поени, додека кај Далас најефикасен беш Смит со 19.

Сакраменто на домашен терен славеше против Оклахома со одлични настапи на Расел Вестбрук и Пол Џорџ. Вестбрук имаше 29 поени и 13 скокови, додека Пол додаде 27 поени и девет скокови, но на крајот сепак славеа со 117:113.

Останати резултати:

Шарлот – Бостон 117:112

Детроит – Кливленд 113:102

Индијана – Кливленд 121:94

Филаделфија – Феникс 119:114

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Денвер пушти ѕвезда од 100 милиони, па го врати кошаркар со кој Јокиќ освои шампионски прстен

Денвер Нагетс го трејдуваа Мајкл Портер Јуниор и пик на првиот круг (2032) за Кем Џонсон. …