Манчестер јунајтед се обидува на сите начини да се засили во завршницата на преодниот рок, а најголема желба на тренерот Ерик Тен Хаг е Ентони од Ајакс.
Ајакс одби понуда од 90 милиони евра и преговорите ќе продолжат викендов, а Ентони јасно кажа дека сака да си замине од Амстердам и да потпише за премиерлигашот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На Ентони му пречи тоа што Ајакс ја одбил понудата од 90 милиони евра затоа што смета дека е доволно добра.
Ајакс, наводно, ќе прифати понуда од 95 милиони евра откако ќе договори замена за Ентони, а тоа ќе биде Хаким Зијех од Челси.
Бразилецот нема да биде последно засилување, затоа што Јунајтед го сака и Пјер-Емерик Обамејанг, кој сака да понуди 25 милиони евра плус бонуси колку што бара Барселона.