Неодамна германските медиуми пренесоа Борусија Дортмунд постави нова цена за Џејдон Санчо и е спремна на крајот на сезоната да го пушти играчот за 90 милиони евра.
Манчестер Јунајтед не успеа да го донесе англискиот репрезентативец на „Олд Трафорд“ минатото лето, а проблем беше токму цената од 120 милиони евра, која Јунајтед сметаше дека е превисока.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дортмунд се соочува со сериозни финансиски проблеми и ќе мора ова лето да продаде некоја од своите ѕвезди.
Прва причина за намалување на цената е новонастанатата финансиска ситуација поради пандемијата. Втората причина е слабата форма на Санчо оваа сезона, а англиските медиуми тврдат играчот веќе има договор со „црвените ѓаволи“.
Санчо е примарна трансфер цел на Манчестер Јунајтед и овој пат е спремен да ја плати сумата од 90 милиони евра.