Дома Топ вести Јунајтед прави нов обид да го донесе Ериксен во јануари

Јунајтед прави нов обид да го донесе Ериксен во јануари

Манчестер Јунајтед ќе направи нов обид да го донесе Кристиан Ериксен на „Олд Трафорд“ во јануари, пренесуваат медиумите на Остривот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Данскиот плејмејкер јасно ја изрази желбата да го напушти Тотенхем уште на почетокот на летото, но сепак не дојде до посакуваниот трансфер.

Реал Мадрид, кој беше посакувана дестинација на Ериксен, не направи сериозен обид да го донесе во своите редови, а тој ја одби понудата на „црвените ѓаволи“.

Сепак, Ериксен влегува во последната година од договорот и Тотенхем ќе мора да го продаде во јануари доколку сака да заработи нешто на неговото заминување.

Таквата ситуација сака да ја искористи Манчестер Јунајтед кој во јануари ќе се обиде да го донесе на „Олд Трафорд“.

Сепак, конкуренцијата за неговиот потпис е голема, а и самиот Ериксен може да одлучи да замине како слободен агент следното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…