Дома Фудбал Англија Јунајтед им плаќа визи на навивачите за Русија!

Јунајтед им плаќа визи на навивачите за Русија!

Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед објави дека на сите навивачи кои ќе патуваат во Ростов на натпреварот од осминафиналето во Лига Европа ќе им ги рефундира парите за руска виза.

„Црвените ѓаволи“ се одлучија на ваков чекор за на своите фанови да им го олесни патот од 3,500 километри во еден правец, што е едно од најдолгите патувања во европскиот фудбал.


Руската виза за граѓаните од Велика Британија чини 140 евра, а околу 500 навивачи на Јунајтед најавија дека ќе патуваат во Ростов. Тоа значи дека клубот ќе даде околу 70.000 евра.

Клубот од навивачите побара после барањето за виза да им ги испрати адресите за да им ги рефундира парите што е можно побрзо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид зема уште една важна ѕвезда од Ливерпул

Реал Мадрид продолжува со својата стратегија на долгорочно планирање на одбранбената линиј…