Џејдон Санчо пристигна во Манчестер Јунајтед како големо засилување, но до сега не ги оправда очекувањата.
Тренерот, Те Хаг денес истакна дека не знае кога Санчо повторно ќе заигра во првиот тим, бидејќи не е спремен физички и психички.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред него има многу работа, а во наредниот период нема да биде дел од тимот за да се справи со својата физичка и психичка состојба.
Англиските медиуми пренесуваат дека Санчо побарал трансфер и сака да ја промени средината во јануари. Можно е да биде испратен на позајмица во Бундеслигата или Серија А.
Доколку Санчо замине, Јунајтед како негова замена сака да го доведе Рафаел Леао од Милан, но проблем е што „росонерите“ не сакаат да ја пуштат својата ѕвезда на средина од сезоната.
Наводно „црвените ѓаволи“ се спремни да понудат 100 милиони евра за Португалецот.
🚨 Manchester United are than keeping track of Rafael Leao's contract situation.
— Ekrem KONUR (@Ekremkonur) December 14, 2022
🇵🇹 🟥 #MUFC 🟥 #SempreMilan pic.twitter.com/f1LdIvyc64