Дома Фудбал Англија Мареска задоволен од Санчо: Токму тоа ни требаше

Мареска задоволен од Санчо: Токму тоа ни требаше

Џејдон Санчо во последниот ден од преодниот рок го напушти Манчестер Јунајтед и кариерата ќе ја продолжи во Челзи.

Поради конфликт со тренерот Тен Хаг, претходната сезона ја мина на позајмица во Борусија Дортмунд, а сега ќе продолжи во Премир лигата.

„Тој е токму она што го очекувавме. Тој е многу добар играч, особено во ситуации еден на еден и има квалитет во последната третина. Сигурен сум дека ќе ни биде од помош“, изјави тренерот Мареска.

Во Челзи на неговата позиција има огромна конкуренција, па останува да видиме каква минутажа ќе добие Санчо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Карим Бензема за својата иднина: „Ќе останам во Ал Хилал“

Карим Бензема стави крај на шпекулациите за својата иднина и потврди дека планира да остан…