Дома Фудбал Репрезентации Јужна Кореја остана без селектор по поразот од Бразил

Јужна Кореја остана без селектор по поразот од Бразил

Пауло Бенто во иднина нема да биде селектор на Јужна Кореја. Со вчерашниот пораз од 4:1 заврши неговиот мандат на клупата на оваа репрезентација.

Бенто на клупата на Јужна Кореја е веќе четири години откако дојде во 2018 година. За Корејците секако е добар резултат осминафиналето на Мундијалот каде што беа запрени од Бразил.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Оставката не е поврзана со резултатот затоа што Бенто уште пред почетокот на Светското првенство најави дека заминува од клупата. За Бенто ова беше втор селекторски предизвик откако претходно ја водеше Португалија од 2010 до 2014 година.

Во клупската кариера ги водеше Крузеиро, Олимпијакос и Чонгинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Перез сака ново засилување од Ливерпул, но не планира да плати повеќе од 25 милиони фунти

Реал Мадрид наводно има намера да ги интензивира своите напори за да ја обезбеди ѕвездата …