Во изминатите години Јувентус покажа дека може да донесе врвни фудбалери по мала цена или без обештетување, а сега сака истиот принцип да го искористи за ѕвездата на Арсенал.
Ова лето како слободен играч во Јувентус пристигна Емре Чан, а наредното лето истото сценарио би можело да се повтори и со Арон Рамзи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Договорот на Рамзи со Арсенал истекува на крајот на сезоната, тој е стандарден кај Емери, но не може да постигне договор со раководството за продолжување на соработката.
Поради тоа веќе во јануари фудбалерот ќе биде слободен да разбовара со заинтересираните клубови, а медиумите тврдат дека агентот му го понудил на Јувентус.
„Бјанконерите“ се заинтересирани за играчот и сакаат да го донесат следното лето како слободен агент, но ќе треба да се изборат со големата конкуренција.